Top Sport

Штербик добива балканска конкуренција во Веспрем, Србинот Цупара

Легендарниот голман Арпад Штербик добива балканска конкуренција на голот на унгарски Веспрем во името на српскиот чувар на мрежата, Владимир Цупара (24).

Челниците на Веспрем експресно го пополнија испразнетото место на голот на тимот по неодамнешната најава за заминување на Унгарецот, Роланд Миклер кој оди во ПИК Сегед.

Цупара реши во следната сезона да го напушти полски Киелце и да дојде во тимот каде успешно настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, а тренер е екс-вардарецот, Давид Дејвис, поради тоа што наредната сезона голот на Полјаците ќе го брани голманот на репрезентацијата на Германија, Андреас Волф.

Цупара, кој со Веспрем потпиша двегодишен договор, годинава брани во одлична форма и успеа да се избори за место во првиот состав на Киелце.

Scroll to Top