Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, рекол дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти клупата на лондонскиот тим, објавија британскиот сервис Би-би-си. Венгер има валиден договор со клубот и за наредната сезона, меѓутоа решил по 22 години да го напушти Арсенал.
Францускиот тренер во Арсенал е од 1.октомври 1986 година и во моментов е менаџер со најлдог стаж во Премиер лигата. Од клупата го предводел тимот на 823 натпревари.
„Внимателно ја разгледав ситуацијата, а по консултациите со луѓето во клубот почувствував дека е вистинско време да се повлечам. Благодарен сум што ја имав привилегијата толку години да му служам на овој клуб. Екипата ја водев со целосна посветеност и интегритет. Сакам да им се заблагодарам на играчите, стручниот штаб, директорите и навивачите поради нив клубот е толку голем“, рекол 68-годишниот тренер.
Венгер со Арсенал освоил три триули во Премиер лигата, последната во далечната 2004 година, односно седум титули во ФА купот и Комјунити шилд (Суперкуп на Англија).
Навивачите веќе неколку сезони се незадоволни од неговата работа, а незадоволството кулминираше по завршувањето на минатата сезона кога Арсенал не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.