Top Sport

Арсенал и Сити подготвуваат понуда за Иско, Ливерпул го сака Санчо

Иско Аларкон (27), фудбалерот на Реал Мадрид најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид.

Тој досега сезонава за Кралевите одигра само 170 минути, па ќе биде чудно ако во јануари не го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа ситуацијата сакаат да ја искористат Манчестер Сити и Арсенал кои се најсериозни кандидати да го доведат Шпанецот во своите редови, пишува „АС“.

За Реал Иско има одиграно 281 меч со учинок од 48 гола и 52 асистенции.

Освен шпекулациите за можниот трансфер на Иско на Островот, уште една млада фудбалска надеж се поврзува со премиерлигаш.

Се работи за Санчо, играчот на Борусија Дортмунд за кого сериозно е заинтересиран европскиот шампион, Ливерпул.

Санчо нема откупна клаузула, па „милионерите“ може за неговите услуги да бараат колку што сакаат. Претпоставките се дека износот за младиот фудбалер нема да биде под 80 милиони евра.

Scroll to Top