Top Sport

Јуве има 300 милиони евра и планира да ги даде за играч како Нејмар

Последните 8 години во италијанската Серија А има само еден шампион – Јувентус.

Контото на „Старата дама“ расте пред се од продажба на дресови, влезници и од телевизиските права, а најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо кој е прва ѕвезда на тимот и една од најголемите во светот на фудбалот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус во 2020 година на располагање за засилување ќе има дури 300 милиони евра.

Оттаму јавуваат дека челниците на торинскиот планираат целиот износ да го потрошат на само еден фудбалер.

Во редовите на италијанскиот шампион увидоа колкав е бенефитот на клубот по довеувањето на Роналдо за 117 милиони евра во Торино. Многу брзо парите се вратија од продажба на дресови и други маркетиншки активности, па затоа во Торино веруваат дека нешто слично би можело да се случи доколку во клубот пристигне Бразилецот Нејмар.

Познато е дека ПСЖ нема намера да го пушти голгетерот додека не ја врати отштетата од 222 милиони евра што за него и ја плати на Барселона.

Шпекулациите дека Торино ќе биде следната дестинација на Бразилецот полека н сигурно добиваат реална основа.

Scroll to Top