Top Sport

Арсенал му оддаде почит на Сала пред вечерашниот дуел со Кардиф (фото)

Лондонски Арсенал вечерва во 20.45 часот во редовно премирлигашко коло на „Емирати“ во главниот град ќе се сретне со тимот на Кардиф Сити.

Доколку се беше како што треба, тоа требаше да биде деби натпревар за Аргентинецот Емилијано Сала во дресот на вешкиот клуб, но него му се губи секоја трага минатиот понеделник на враќање од Франција кон Велс, во авионот кој исчезна.

Спасувачите три дена го бараа авионот за кон се сомневаше дека се срушил најверојатно во вода, по што потрагата беше стопира. Потоа се собраа средства и роднините, пријателите и фановите на Сала започнаа приватна потрага која сеуште е во тек.

Големата трагедија ја потресе Премиер лигата, па овонеделните натпревари ќе започнат со минута молк, на што се надоврзаа и од Арсенал со убав, емотивен гест.

На списокот на играчи кои вечерва се во комбинација за Кардиг против Арсенал се најде и името на Сала покрај кое се најде цвет.

Scroll to Top