Top Sport

Тренерот на Кардиф во депресија: Не ме интересира фудбал, размислувам за оставка

„Се обидувам да спијам, но тоа е невозможна мисија. Го запознав тоа момче, последните месец ипол – два бевме во постојан контакт. Тројца – четворица играчи ни се исто така во очајна психичка состојба, ни помагаат психолози“. Ова го изјави тренерот на премиерлигашот Кардиф, Нил Ворнок откако аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала исчезна по враќањето со авион од Нант кон Кардиф.

Ворнок вели дека трагедијата толку многу го погодила, што фудбалот од животна страст и преокупација сега му станал толку небитен.

„Тренер сум 40 години, но вака тешко никогаш не ми било. Откако се случи трагедијата единствено на што размислувам е оставка“- рече Ворнок.

Scroll to Top