Легендарниот колумбиски фудбалер, Фаустино Асприља рече дека денешниот „пазар“ на фудбалери е луд, потенцирајќи колку пари и даде ПСЖ на Барселона за услугите на Нејмар.
Асприља своевремено светската слава ја стекна во дресот на Њукасл, но и на италијанска Парма.
Њукасл за него во 1996 година плати 6.7 милиони фунти, додека за споредба на почетокот на годинава, Јувентус за нашинецот Кулушевски од Парма плати 44 милиони евра.
„Кулушевски е голем талент, но ако се имаат предвид парите кои се даваат деновиве, не сум изненаден со цената“ рече 50-годишниот Асприлја за „Газета“.
Колумбиецот на тоа додеда – „Ако тој вреди толку, јас денес би вредел 300 милиони евра“.