Top Sport

Баркли: Прво што направија, ме однесоа во стриптиз клуб, така ме „купија“

Со висина од „само“ 198 антиметри, Чарлс Баркли важеше за еден од најдобрите скокачи во НБА лигата, а во текот на кариерата (од 1984 до 2000 година) играше за Филаделфија, Хјустон, но се прослави во дресот на Феникс Санс.

Пред доаѓањето во најсилната светска кошаркарска лига Баркли 3 години поминал на Универзитетот „Аубурн“. Интересна е неговата приказна како го одбрал токму овој колеџ, покрај останатите бројни понуди.

„Ме `купија`така штo ме однесоа во стриптиз клуб. Кога ги видов сите тие гради, знаев дека тоа е програм кој сакам да го учам, дека тое место за мене“ – искрено одговори Баркли.

Во текот на кариерата го следеа голем број контроверзии. Никогаш немал „влакна на јазикот“ и често поради тоа се наоѓал во проблеми.

Еднаш бил уапсен откако на меч во Милвоки претепал навивач. Се тепал и на улица, во Лас вегас, а завршил и в затвор, откако бил фатен како вози пијан. Се бранел правдајќи се дека брзал „на секс“.

„Посетата на затворот е нешто најдобро што ми се случило во животот“ – рече Баркли.

Во 16-годишната НБА кариера, просечно уфрлал по 22 поени на меч, надополнети со по 12 скока.

Scroll to Top