Top Sport

Аталанта сруши рекорд стар 87 години, за 15 минути и даде 4 гола на Болоња (видео)

Првите 15 минути од вечерашниов меч меѓу Аталанта и Болоња во Бергамо срушија рекорд стар 87 години во Италија. Домашните фудбалери во фуриозен старт постигнаа дури четири гола во мрежата на Болоња предводена од Синиша Михајловиќ, а на семафорот немаше поминато ниту 15 минути.

Иличиќ експресно постигна два гола, а по еден Хатебор и Ѕапата по што Аталанта стана првиот калчолигаш кој имал толку голема предност за 15 минути уште од далечната 1932 година.

Ваква предност имал Јувентус против Рома во натпревар кој на крајот завршил со резултат 7:1.

До крајот на мечот Орсолини од Болоња со погодокот во второто полувреме само го ублажи поразот на својот тим.

Аталанта по денешната победа се доближи само на бод до Милан кој е на четвртата позиција која носи квалификации за ЛШ.

Претходно, во натпревар од 30 коло од Серија А Сасуоло убедливо со 4-0 славеше над фенерџијата во лигата, Киево.

Демирал постигна два гола во првиот дел, а во второто полувреме со головите на Мануел Локатели и Доменико Берарди беше постигнат конечниот резултат.

Scroll to Top