Top Sport

Серена: Не знам зошто онака се однесував на Ју-Ес Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс открила дека се уште не знае зошто го предизвикала инцидентот во финалето на Ју-Ес Опен. Финалноот меч, кој и пропадна на младата Јапонка, го обележаа расправиите на Серена со судијата Карлос Рамос.

Серена дури во еден момент го нарече судијата Рамос „крадец и измамник“. Мечот заврши со силни свирежи од трибините упатени кон противничката на Серена, Наоми Осака.

„Најважни турнири се гренд-слем турнирите. Минатата сезона бев блиску до нова титула на Ју-Ес Опен. Искрено да ви кажам кога сега ќе погледнам што се случуваше во финалето, не ми е јасно зошто го направив тоа. Бев дрска и се изнервирав бидејќи не можев да победам. Не знам воопшто зошто бев лута. Неверојатно навистина“, рекла Серена во емисијата „Тудеј шоу“.

Серена Вилијамс во кариерата има освоено 23 гренд-слем титули.

Scroll to Top