Top Sport

Ливерпул со хет-трик на Салах го здроби Бурнмаут и изби на прво место во Премиер (видео)

Ливерпул со 0-4 го совлада Бурнмаут на гости и со трите бода го прескокна Манчестер сити на првото место на табелата во Премиер лигата.

„Црвените од Енфилд“ попладнево рутунирано славеа откако во главна улога беше египетскиот голгетер Мохамед Салах, кој со три погодоци покажа висока класа.

Салах го отвори резултатот по одбиена топка, по шутот на Фирмињо.

На почетокот на вториот дел Ливерпул дојде во водство од 0-2, а потоа Кук постигн автогол и ги реши сите дилеми околу победникот на средбата.
При последниот гол на Салах, тој двапати го дриблаше голманот Асмир Беговиќ, па на крајот ја смести топката во мрежата.

Scroll to Top