Атлетико Мадрид предмалку со 2-0 го совлада Хетафе на „Ванда Метрополитано“ во 21. коло од шпанската Примера.
Домаќините беа подобриот противник на мечот, а со двата гола во првото полувреме го решија победникот, па второто полувреме го одработија рутински.
Гостинската мреже прв ја начна Гризман во 27 минута, а 10 минути подоцна погоди Саул за конечни 2-0.
Во вториот дел Атлетико искусно ги држеше конците во свои раце, а до крајот на мечот нервозните гости останаа со деветмина на теренот.
Во 88 минута Деконам заработи втор жолт картон поради груб старт и беше испратен во соблекувалната. Истата судбина 3 минути подоцна го снајде и Кабрера кој предвреме го заврши мечот поради неспортско однесување.
Со новите 3 бода Атлетико Мадрид има 44 бода и е на само 2 бода зад лидерот Барселона, која утре гостува во Џирона.