Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Коларов кој ги брани боите на калчолигашот Рома е во брак 12 години со сопругата Весна, со која има две деца. Неговата наводна афера со атрактивна Италијанка се причината за распадот на бракот откако се појавиј информации дека неговата сопруга поднела бракоразводна парница.
Италијанката која наводно го освоила срцето на Србинот е Кристина Бучино (34). Таа е актерка и модел, а има преку 2.7 милиони следбеници на Инстаграм.
Во минатото, сопругата на фудбалерот помина преку неговото неверство со извесна Кристина Мијачевиќ, која му родила вонбрачен син на Коларов, а од него добила и стан.
Светските медиуми на големо пишуваат за оваа афера, а се наведува дека подолго време Коларов ужива во страсна романса со прекрасната девојка која пленува со изгледот.