Top Sport

Австралиска олимпијка порачува: Ако Новак игра против Серена, таа ќе го победи!

Олимписката пливачка шампионка, Австралијката Лизел Џонс е убедена дека Американката Серена Вилијамс би го победила српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ доколку дојде до дуел меѓу нив.

Џонс смета дека жените и мажите треба да се натпреваруваат меѓусебно за да се зголеми конкуренцијата.

„Луѓето мислат дека мажите и жените не треба да се натпреваруваат меѓусебно, но јас мислам дека жените се подеднакво добри како и мажите, ако не и подобри. Еден пример е Серена Вилијамс. Ако Новак Ѓоковиќ се натпреваруваше против Серена, таа ќе го победува било кога и било каде“ – вели Џонс.

Scroll to Top