Top Sport

Азар: Сакам гол против Атлетико, да го победам другар ми Диего Коста!

Во сабота, од 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра големото фудбалско дерби во главниот град на Шпанија, Атлетико – Реал Мадрид.

По шест одиграни кола во Ла лига Реал е прв на табелата со 14 бода, само еден повеќе од Атлетико.

Двобојот го најави една од најголемите ѕвезди на Кралевите, белгискиот фудбалер, Еден Азар.

„Кога играте фудбал, знаете какви чувства и притисок предизвикуваат ваквите натпревари. Градските дерби мечеви се посебни натпревари. Еден град, два клуба и нивните навивачи. Сакам да дадам гол, да победиме и и да ги усреќам нашите навивачи. Играв со Диего Коста во Челси, а сега ќе бидеме на спротивните страни. Тој е мој пријател, но овојпат сакам да го победам“ – порача Азар.

Белгиецот вели дека во дерби дуелите најважен е менталитетот на победник, што тој се надева дека неговата екипа ќе го има на саботното дерби.

За потсетување, Атлетико во текот на летото, на пријателски дуел славеше со високи 7-3 во дуелот со Реал, а на тој меч Диего Коста постигна 4 гола.

Scroll to Top