Лондонски Челси е на мака да го задржи младиот 18-годишен фудбалер Калум Хадсон – Одои за кој интерес пројавуваат двата фудбалски гиганти во Германија, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Челси ја одбил и втората понуда од Баварците, пренесуваат медиумите на Островот, која изнесувала над 20 милиони фунти. „Сините“ од Лондон за младиот талентиран играч бараат двојно повеќе.
Хадсон – Одои има договор со Челси до летото 2020 година, па останува да се види разврската околу младиот фудбалер кој имаше успешна година во Англија.
Погледнете дел од неговиот фудбалски потенцијал: