Top Sport

Шпанска „Марка“ избра за 2018: Меси, па Модриќ и Гризман

Водечкиот шпански спортски весник „Марка“ го избра најдобриот играч во светот за 2018 година. Се чини весникот успеа да изненади многу читатели па пред Лука Модриќ кој годинава ги собра сите признанија, се најде Лео Меси.

Напаѓачот на Барселона имаше одлична сезона, а според гласовите на новинарите на „Марка“, Аргентинецот се најде пред Модриќ и Гризман. На четвртата позиција се најде Кристијано Роналдо, па Мбапе. По нив во првата десетка следуваат Салах, Азар, Варан, Хари Кејн и Кевин де Брујн.

Scroll to Top