Баерн Минхен со стил ја одбрани шампионската титула во Германија откако попладнево со 5-1 на „Алијанц арена“ го совлада Ајнтрахт Франкфурт. Битката за титулата на крајот му припадна на минхенскиот клуб откако Борусија Дортмунд со само два бода помалку заврши втора на табелата.
Коман во 4 минута донесе предност од 1-0.
Во второто полувреме Ајнтрахт израмни на 1-1 со голот на Халер. Но тоа беше се што гостинот од Франкфурт стори до крајот на мечот.
По само 2 минути Алаба носи водство од 2-1, а Санчез погоди за 3-1.
Да биде испраќањето на Рибери и Робен со стил се погрижија самите. Погодија по еднаш за конечни 5-1.
Залуден беше триумфот на Борусија Дортмунд кај Борусија Менхенгладбах со 0-2. Санчо и Ројс беа стрелци за „милионерите“.
Сепак, со победата Борусија (Д) му направи услуга на Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ славеа на гостувањето кај Херта Берлин со 1-5 и се изборија за Лига на шампионите идната сезона.
Ова се останатите резултати од последното коло во Бундеслигата:
Фортуна Диселдорф – Хановер 2-1, Фрајбург – Нирнберг 5-1, Мајнц – Хофенхајм 4-2, Шалке – Штутгарт 0-0, Вердер – Лајпциг 2-1, Волфсбург – Аугсбург 8-1.