Top Sport

Баерн одвај го победи Волфсбург, Аугсбург со 6 гола го испрати Штутгарт (видео)

Лидерот во Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен попладнево потешко од очекувањата славеше победа против тимот на Волфсбург со 1-0 и ја задржа челната позиција на табелата пред утрешниот меч на директниот конкурент, Борусија Дортмунд.

Домашните фудбалери голот вреден три бода го постигнаа во 75 минута, стрелец дефанзивецот Суле.

На останатите дуели Аугсбург со 6-0 го торпедираше тимот на Штутгарт кој е се поблиску до преселба во втора лига.

Баер Леверкузен рутинирано славеше против Нирнберг 2-0, Мајнц ја совлада Фортуна Диселдорф со 3-1.

Scroll to Top