Top Sport

Баерн прими 4 гола од второлигаш, а обезбеди полуфинале во Купот на Германија (видео)

Баерн Минхен против второлигашот Хајденхајм вечерва на „Алијанц Арената“ одигра екстра ефикасен натпревар со дури 9 гола и на крајот славеше победа со 5-4 која му носи влез во полуфиналето на Купот на Германија.

Во 12. минута Баерн поведе со голот на Горецка. Гостите веднаш потоа прават целосен пресврт и поведуваат со 1-2.

Баерн во вториот дел во 53. и 56. минута повторно го врти резултатот во своја корист за водство од 3-2. Потоа Гнабри погоди за 4-2 и кога сите во Минхен помислија дека прашањето на победникот е затворено, гостите со двата гола на Глатзел во 74 и 77 минута израмнуваат на 4-4.

Иако Хајденхајм имаше две можности повторно да поведе, сепак Левандовски во 84 минута ги постави конечните 5-4.

Scroll to Top