Top Sport

Бахреин со прва мундијалска победа, пласманот понатаму на СП го заверија Бразил и Египет

Во мундијалската група Б, во која настапува и Македнија, на СП во ракомет во Германија и Данска азиската репрезентација на Бахреин испиша историја. Бахреинците предмалку со 23-22 ги совладаа Јапонците и ја запишаа првата победа на светските првенства за својата репрезентација.

Иако Јапонците имаа водство во поголемиот дел од мечот, сепак момците на тренерот Кристијансен имаа одличен финиш и со серија од 3-0 дојдоа до историската победа.

Во репрезентацијата на Бахреин најефикасен беше Башам со 6 гола, додека кај Јапонија прв меѓу стрелците беше Мотоки со 8 постигнати голови.

Двете селекции не влегуваат во главната фаза и ќе разигруваат од 16. до 24. место.

Од натпреварите што завршија на денешната програма, Бразил очекувано ја победи Кореја со 35-26 и патува во наредната рунда на Светското првенство. „Кариоките“ се трети во групата А во која без можност за прогрес ја оставија селекцијата на Русија.

Во наредна фаза на Мундијалот се пласираше и селекцијата на Египет, која со 33-28 ја победи Ангола, па како третопласирана од групата Д продолжува во групната фаза.

Scroll to Top