Top Sport

Борусија Дортмунд веќе не смее да продава играчи во лутиот ривал Баерн Минхен

Престижниот германски „Билд“ пренесува ексклузивна информација од таборот на Борусија Дортмунд. Паднала историска одлука, играчи на „милионерите“ да не смее да се продаваат во Баерн Минхен.

Изминативе години голем број фудбалски ѕвезди од Дортмунд се преселија во Минхен, меѓу последните се Геце, Левандовски и Хумелс.

„Членовите на управата на Дортмунд донесоа одлука дека нема повеќе да му продаваат фудбалери на Баерн Минхен и на тој начин да му помагаат на минхенскиот клуб да биде најдобар. Борусија сака да ја прекине доминацијата на Баерн. Тоа е политика за која сите едногласно се сложија“ наведува „Билд“.

Борусија Дортмунд пред почетокот на пролетниот дел од сезоната (вториот дел од сезоната започнува овој викенд) во Бундеслигата се наоѓа на лидерската позиција со 6 бода повеќе од Баерн кој е втор на табелата.

Scroll to Top