Top Sport

Балотели го менува клубот, но останува кај „петлите“, се сели во Марсеј (видео)

Италијанскиот фудбалски интернационалец, Марио Балотели во наредните 6 месеци ќе ги тресе мрежите на француски Олимпик Марсеј, објави славниот француски клуб.

Контроверзниот напаѓач кој е член на Ница, за тимот на Марсеј ќе игра до крајот на сезоната, а клубот за него ќе плати оштета од 3 милиони евра.

Доколку Балотели ги оправда очекувањата во Марсеј, тој ќе има можност на крајот на сезоната да го продолжи договорот дополнително на уште 1 година.

Во есенската полусезона Балотели за Ница настапи само на 10 натпревари и не успеа да се запише во листата на стрелците.

Scroll to Top