Top Sport

СП2019:: „Кариоките“ ги средија и „рибарите“, африканското дерби го доби Египет

Ракометната репрезентација на Бразил во натпреварот од третото коло од главната групна фаза на машкото ракометно СП во Германија и Данска беше поуспешна од селекцијата на Исланд со резултат 32-29.

Бразилците по скалпот на Русија, Србија и Хрватска, лесно излегоа на крај и со „рибарите“.

Првото полувреме заврши нерешено, 15-15, но во вториот дел „Кариоките“ предводени од одличните Лангаро и Толедо забележаа значајна победа во борбата за подобар пласман на Мундијалот.

Најпрецизни во селекцијата на Бразил беа токму бековите Лангаро и Толедо со по 8 гола, а зад нив со по 4 гола следуваат Позер и Боргес.

Кај поразената репрезентација, која по елиминацијата на Македонија се најде во главната групна фаза, се истакна Јонсон со 7 гола, а веднаш зад него беше Магнусон со 6.

Бразил групата Е ја заврши како петта репрезентација со 4 бода, додека Исланд беше последен со 0 бодови.

Во африканското ракометно дерби во групата Ф Египет со 30-23 беше подобар од селекцијата на Тунис, по што Еѓипќаните со 3 бодови завршија на петто место, а Тунис остана последен без бодови.

Најпрецизни во победничката селекција беа Омар со 7 и Ел Ахмар ос 6 погодоци. Кај Тунис најпрецизен беше Бугами со 6 гола.

Scroll to Top