Македонските ракометарки не успеаја да ја победат фаворизираната Словенија на бараж мечот кој вечерва се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Словенките извојуваа победа од 33-30 и со едната нога веќе се на СП што кон крајот на годината ќе се одржи во Јапонија.
Избраничките на селекторот Симовски и парираше на гостинската селекција едно полувреме.
Во вториот дел Словенките се одлепија и постојано беа во водство. Нашите ракометарки успеаја да се доближат на само -1, на семафорот стоеше 23-24. Но тоа беше се што успеаја да направат. Поквалитетниот противник забележа победа од три гола разлика пред реваншот во Словенија.
Елена Ѓорѓиевска со 9 гола и Сара Ристовска со 8 беа најефикасни во домашната селекција, додека кај гостинките Грос и Станко дадоа по 6, а Бариќ, Зулиќ и Бегановиќ по 5 гола.
Реваншот ќе се игра на 6 јуни во Целје.
Фото: РФМ