Легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли иако никогаш не успеа да стигне до НБА титула, освои бројни признанија и награди. Во 1993 година ја освои МВП наградата, а има и две олимписки злата, од 1992 во Барселона и 1996 од Атланта.
Рече дека одлучил да ги распродаде своите тофеи, но не поради финансиски проблеми. Парите ќе ги искористи за изградба на пристапни станови во својот роден град Лидс, во сојузната држава Алабама.
„Тие работи не ми се важни. Водев неверојатен живот. Во Лидс постојат 30-тина грди „шупи“ во кои луѓето живееја додека јас таму растев, а сега се напуштени. Сакам Лидс да ми го отстапи тоа земјиште, а јас да ги искористам парите да направам нешто убаво за градот. Би изградил меѓу 10 и 20 пристапни куќи“ – рече Баркли.
МВП-трофејот Баркли го чува во канцеларијата, а вели дека го погледнува еднаш на 3-4 месеци. Сите останати трофеи, вели, се во куќите неговата мајка и баба, кои се починати. Меѓу предметите кои се дадени на аукција се и американското знаме од ОИ во Барселона, кое го потпишаа сите членови на „дрим-тимот“.
Единствениот предмет кој не е за продажба е златниот медал од истата Олимпијада, а тој ќе и го остави на ќерката.
Се верува дека само МВП-трофејот може да достигне цена од 300.000 долари.
Charles Barkley is going to auction off some of his memorabilia and use the money to build affordable housing in his Alabama hometown ?
➖ 1993 MVP trophy
➖ One of his gold medals
➖ Flag signed by every Dream Team member(via @WJOX945) pic.twitter.com/2wW8fHlEDa
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 7, 2020