Top Sport

Стам: Доста ми е од лаги за полувремето во Истанбул, во 2005-тата

Еден од најдобрите одбранбени фудбалери на сите времиња, легендарниот Холанѓанец, Јап Стам (47) имаше интересно интервју за италијанска „Газета“ во кое се потсети на играчките денови поминати на „Чизмата“.

Тој играше за Лацио и Милан во Серија А, а со Манчестер Јунајтед ја освои ЛШ во чудесното финале против Баерн Минхен, во 1999 година.

„Милан и Манчестер Јунајтед се најдобрите екипи за кои сум играл. Невозможно е да се одбере која е подобра. Го сакам италијанскиот фудбал, доживувањето и разбирањето на фудбалот. Играв 3 години во Лацио и 2 во Милан“ – рече Стам.

Иако во 1999-та со Јунајтед ја освои круната во ЛШ, сепак незаборавно е финалето Милан-Ливерпул, 2005 година во Истанбул.

Милан водеше 3-0 на полувреме, а потоа загуби на пенали.

Стам вели дека играчите на Милан на полувремето почнале да слават во соблекувалната. Холанѓанецот откри што точно се случувало во соблекувалната тие 15 минути.

„Беше тоа ноќна мора. Во кариерата имам тројна круна со Јунајтед, но луѓето ги интересира што се случи на полувремето со Ливерпул. Приказните кои кружат со години се невистинити. Не славевме однапред, доста ми е од лаги за полувремето во Истанбул. Карло Анчелоти ни рече да пазиме, добро да ги чуваме, но за 6 минути примивме дури 3 гола. Беше тоа шок од кој не се опоравивме“ – рече Стам.

Scroll to Top