Легендарниот НБА кошаркар, кој во 1993 година беше прогласен за МВП на лигата, Чарлс Баркли ја состави својата листа на најдобри кошаркари на сите времиња.
Баркли беше гостин во третата епизода од емисијата „На кафе со Кал“ која ја води легендарниот тернер на Кентаки, Џон Калипари.
Според него, Мајкл Џордан е најдобриот на сите времиња.
„По денешните критериуми за игра, Леброн не би сакал да игра против `Бед бојс`, (Детроит Пистонс). Тие момци играа валкано и играа за да го повредат противникот. Секогаш им велам на луѓето дека кога играте против Пистонс, мора да го викнете семејството и да им кажете дека ги сакате, во случај веќе да не ги видите“ – објасни Баркли.
Во неговиот избор, по Џордан се Оскар Робертсон, Карим Абдул-Џабар, Бил Расел и Вилт Чембрлен.
Коби Брајант е на шестата позиција, Леброн Џејмс е седми, а Елџин Бејлор е осми. На деветтата позиција на листата на Баркли се најде Џери Вест, додека десеттата позиција остана празна, во неговиот избор.