Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, според пишувањето на шпански „Спорт“, е подготвен да му даде на француски ПСЖ 100 милиони евра плус на „Паркот на принцовите“ да го испрати Бразилецот, Кутињо, а за возврат на „Ноу Камп“ да се врати бразилскиот фудбалски ас, Нејмар.
Нејмар пред 2 години ја напушти Барселона и за рекордни 222 милиони евра премина во ПСЖ. Со францускиот клуб освои две титули во Лига 1, но клубот мина без позначаен успех во Лигата на шампиони.
Светските медиуми подолг период шпекулираат со информацијата дека Бразилецот ќе си замине од Париз.
Неодамна се појави информацијата дека и лутиот ривал на Барса, мадридски Реал е подготвен да ги отвори вратите на „Сантијаго Бернабеу“ за бразилскиот ас. „Кралевите“, според информациите, нудат 130 милиони евра, а згора на тоа Герет Бејл или Хамес Родригез да се преселат во ПСЖ.