Челниците на Барселона го составуваат планот за идната фудбалска сезона. Каталонскиот клуб мака мачи со напаѓачите. Дембеле е повреден, а Суарез нскоро ќе наполни 33 години, па…
Скаутите на Барса се во Серија А и во Бундеслигата.
Наводно, челниците на клубот од „Ноу Камп“ во плановите ги имаат Лаутаро Мартинез (Интер), Тимо Вернер (Лајпциг) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд).
Последниот од низава најверојатно ќе отпадне уште на стартот затоа што тешко е да се верува дека „милионерите“ ќе ја пуштат младата ѕвезда која ја доведоа за само 20 милиони евра.
Лаутаро и Вернер се одлични напаѓачи, Мартинез има 22, а Германецот 23 години, ги имаат сите квалитети да бидат носители на играта на Барса во иднина.
Спортскиот директор на Барса, Французинот Ерик Абидал е пред сериозен испит. Тој не смее да погреши, повторно.
Не се прослави со купувањето на Кутињо и Дембеле, а за двајцата се потрошија повеќе од 100 милиони евра.