„Турканицата“ околу Најмар се чини нема крај. Барселона не се предава, не прифаќа не од ПСЖ. Каталонците испратиле понуда до „светците“ од 170 милиони евра, пренесе француски „Паризиен“.
Она што Барса го бара е сумата да ја исплати на две рати, во наредните две години. Наводно, францускиот шампион не сака да ја прифати оваа понуда, но сепак на „Ноу Камп“ е убедени дека Бразилецот ќе се врати во Барса затоа што не „му цветаат рози“ во Париз.
Шпанскиот шампион планира, во периодот од две години додека го исплаќа евентуалниот трансфер на Нејмар, да го продадат Дембеле и со тие пари да го отплатат долгот.
Од друга страна, и Реал Мадрид се уште не го кажал последниот збор околу евентуалниот ангажман на бразилскиот фудбалски ас кој се уште нема одиграно ниту минута за ПСЖ во новата сезона.