Каталонскиот ракометен гигант Барселона ја освои 30. титула во првенството на Шпанија. Тоа е и 13. последовен шампионски пехар за овој клуб во националниот шампионат.
Барселона го победи Валјадолид со 32:24 и на седум кола до крајот на АСОБАЛ лигата е недостижна за конкурентите. Барса сега има 46 бодови на првото место, па дури и да загуби на преостанатите седум меча, не може никој да ја престигне.
Тимот на Ортега сега ќе се насочи кон дуелите против ГОГ Гудме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Барселона е голем фаворит за пласман завршниот Ф4 турнир во Келн на Ф4, каде ќе го брани европскиот трофеј освоен лани.
CAMPIONS!!!
Ja en portem 30!!!
🔵🔴 #ForçaBarça pic.twitter.com/4vD6SBBX5K
— Barça Handbol (@FCBhandbol) April 4, 2023