Барселона направи голем чекор кон пласманот во меѓу најдобрите четири екипи во Европа, откако во првиот четврт-финален меч воЛигата на шампионите ја победи Рома со 4:1.
Римјаните на „Ноу Камп“ излего со јасна определба, да ги затворат приодите кон својот гол и со брза транзиција да се обидат да и направат штета на Барселона.
Со таква тактичка определба Рома имаше 0:0 до 39.минута кога Де Роси постигна авто-гол што ретко се гледа на фудбалските терени.
Еден гол предност Барса имаше по првиот дел, а предноста ја удвои во 54.минута со нов авто-гол. Овојпат Алисон го совлада грчкиот дефанзивец Манолас.
Во тие моменти играта на Рома се распадна, одбраната беше и премногу порозна, а како резултат на таквата игра дојде и голот на Пике во 58.минута.
Трошка надеж на Рома дека ќе може да направи некакво чудо во реваншот и даде Џеко со погодокот во 80.минута.
Но она што го стекнаа со многу труд, Римјаните лесно го изгубија кога во 87.минута Луис Суарез меѓу шестмина играчи успеа да ја искористи катастрофалната интервенција на Гоналон.