Фудбалерите на минхенски Баерн ги консолидираа редовите, за разлика од почетокот на сезоната и во поелсдните кола од Бундес лигата покажуваат карактер и цврстина.
Денеска го земаа скалпот на франкфуртски Ајнтрахт совладувајќи го екс-тимот на кормиларот Нико Ковач со убедливи 0-3.
Стрелец на два гола за Баерн беше Французинот Франк Рибери во 35 и 79 минута од средбата, а конечниот резултат беше поставен по погодокот на Рафиња во претпоследната минута од мечот.
По неколку успешни средби по ред, сега Баерн е на втората позиција со само 6 бода заостаток зад лидерот Борусија Дортмунд.
https://youtube.com/watch?v=pqtGZxC3vZE