Top Sport

„Старата дама“ ја скроти „волчицата“ за +8 на врвот во Серија А (видео)

Фудбалерите на Јувентус предмалку минимално со 1-0 славеа против тимот на Рома во последниот натпревар од 17 коло во италијанската Серија А. Стрелец на единствениот погодок вреден 3 бода за „Старата дама“ беше Хрватот Манџукиќ во 35 минута.

Во натпревар без голем број на шанси, фудбалерите на Јувентус рутинирано стигнаа до нова победа со која сега се на +8 во однос на второпласираниот тим на Наполи на табелата.

Победата на Јувентус многу лесно можеше да биде 2-0 затоа што во 90 минута Даглас Коста на асистенција на Кристијано Роналдо постигна погодок. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката главниот судија го поништи погодокот и досуди фаул за Рома. На почетокот на акцијата по која Коста реализираше, играчот на „волчицата“ Заниоли беше фаулиран од Матуиди, но тоа не го забележа арбитарот.

Рома по вечерашниот пораз останува на 10 позиција на табелата со 24 бода.

Scroll to Top