Навивачите на Динамо Загреб, „Бед блу бојс“ честопати се озогласени по своите физички пресметки со ривалските навивачи, но сега уште еднаш покажаа дека се повеќе од тоа откако први помогнаа по земјотресот кој утринава ја потресе хрватската престолнина.
Откако претходните денови поради епидемијата на корона вирусот помагаа во селењето на болницата во Дубрава и разнесуваа лекови и средства на постарите жители во градот, сега по земјотресот, тие се веднаш во центарот на градот каде што помагаат на пожарникарите и војската.
Тие веднаш се упатија во гинеколошката клиника во Петрова улица, каде што десетина трудници мораа да излезат надвор поради опасноста од афтершокови.
Ова се снимките во кои „бојси“ помагаа да се пресели клиниката во Дубрава. Секоја чест и убава порака кон сите фудбалски навивачки групи.
Los Bad Blue Boys también están ayudando a reorganizar un hospital en el municipio de Dubrava, Zagreb, debido a la entrada del virus.
Lanzaron la campaña ‘corazón azul’ para ayudar a los más vulnerables, suministrado medicamentos, comida, higiene, etc…
Video de hoy. pic.twitter.com/YbbXeEzIXi
— Troublemakers España (@TroublemakersEs) March 18, 2020