Реал Мадрид повторно не може да победи, тренерот Зинедин Зидан се уште ја бара вистинската игра која носи резултати.
Кралевите вечерва одиграа 2-2 нагости кај Вилјареал, благодарение на „отпишаниот“ Герет Бејл кој беше стрелец на двата гола за мадриѓаните.
Азар, Иско, Родригез, Асенсио се повредени, а Марсело и Модриќ мечот го започнаа на клупата. Јовиќ и Бензема беа во нападот, а место во првиот тим имаш и за Герет Бејл.
Вилјареал поведе со 1-0 во 12 минута, стрелец Морено.
Реал израмни на истекот на првиот дел. Стрелец Бејл на додавање на Јовиќ.
Во вториот дел на терен ништо не се промени. Реал напаѓаше јалово, а Вилјареал шансата ја чекаше од контра-напад. При една таква ситуација, домаќините во 74 минута повторно поведоа против фавритот. Гомес прецизно стрелаше за 2-1.
Сепак, вечерва џокерот на Зидан беше Бејл. Тој во 86 минута на асистенција на Модриќ носи израмнување 2-2.
Сепак, до крајот на мечот Велшанецот најпрво во 92 минута доби жолт картон,а 2 минути подоцна и црвен картон.
Сега Реал е петти на табелата со 5 бода од три меча, додека Вилјареал со 2 бода и без победа е во долниот дел од Примера.