Во финалето на Лигата на шампиони во 2018 година одиграно во шкотски Кардиф, Реал Мадрид со 3-1 славеше против Ливерпул, а јунак на мечот беше велшкиот фудбалер Герет Бејл. Тој двапати ја смести топката зад грбот на трагичарот на голот на „црвените“, Лорис Кариус.
На семафорот стоеше резултат 1-1 кога Марсело нафрли, а Бејл со чудесни „ножички“ го постигна еден од најубавите голови во елитното натпреварување.
Сега, поради пандемијата на коронавирусот, фудбалот е на пауза, играчите се по дома, и на сите можни начини гледаат да се забавуваат.
Бејл учествуваше во хуманитарен предизвик. Најпрво жонглираше во дневната со мала топка, а потоа го копираше потегот од Кардиф.
Погледнете: