Top Sport

Фјури пред реваншот со Вајлдлер: Цврст како карпа! (фото)

Се поблиску е реванш-борбата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдлер. Двајцата големи тешкаши првпат ги вкрстија ракавиците во декември 2018 година.

Нивниот реванш е закажан на 22 овој месец, а боксерските фанови се возбудени затоа што нивната прва борба беше прогласена за една од најдобрите во последните 20 години, што се оденесува за тешка категорија.

Фјури, според наводите, одлично е подготвен за реваншот. Знаејќи дека Вајлдлер е еден од најсилните удирачи во историјата на овој спорт, тој сега има 122.5 килограми, што е за 6.5 килограми повеќе за разлика од првата борба.

„Цврст како карпа“ напиша Фјури под неговата фотографија на Инстаграм.

Scroll to Top