Прославениот англиски фидбалер, Дејвид Бекам ќе биде првиот фудбалер кој ќе отпатува во Универзумот, пренесуваат британските медиуми. Бекам има голема желба да го направи овој подвиг, а по се најверојатно наскоро желбата ќе му се исполни.
„Тоа е нешто за кое Дејвид зборува подолго време, а сега кога патувањето во Универзумот е реална идеја, можеби и ќе му се оствари“ нагласува извор близок до фудбалерот.
Најверојатно, според информациите, неговите деца сакаат да тргнат со него, тоа била честа тема во семејството Бекам. Сопругата на Дејвид, Викторија рекла дека се плаши од оваа идеја.
Дејвид Бекам рекол дека сака да стане првиот човек што шутнал топка во Универзумот.