Реал Мадрид го совлада Атлетико со 1:0 во 22 коло, во Ла Лига. Првата првенствена победа на „Сантијаго Бернабеу“ пртив градскиот ривал, по пауза од шест години, на Реал му ја донесе Карим Бензема. Францускиот ас постигна гол по пауза од 45 дена.
Шаховска партија без многу убавина одиграа градските ривали на „Сантијаго Бернабеу“. Најубавиот момент на мечот се случи во 56 минута кога акцијата на Винисиус и Меди, во гол ја претвори Бензема.
Атлетико беше поконкретен во првиот дел, што му овозможи тактичката определба на Зинедин Зидан, Реал да игра се петмина во редот за врска и само со Безема во шпицот на нападот.
Мечот започна со два обиди на Серхио Рамос. Капитенот на Реал од добри позиции два пати биеше високо над голот на Јан Облак.
Атлетико се закани најпрвин преку Витоло, чии удар го одбрани Тибо Куртоа, потоа добра удар упати поранешниот играч на реал, Фернандо Љоренте, а најдобрата шанса „јорганџиите“ ја имаа преку Кореа кој го погоди дирекот.
Во второто полувреме Зидан направи две измени Лукас Васкез и Винисиус влегоа на теренот на местата на Тони Крос и Иско.
Влегувањето на овие двајца ја рашири одбраната на Атлетико поради што Реал во вториот дел полесно ја чуваше топката.
На измените на Зидан, тренерот на Атлетико Чоло Симеоне одговори со помалку нелогична измена, од игра го извади Мората, а на негово место влезе Тома Лемар. Две минути по влегувањето на теренот Лемар не успеа до крај да го испрати Менди кој му асистираше на Бензема за единствениот гол.
Од 56 минута ништо не се случи на теренот, Реал ја чуваше топката, Атлетико се обидуваше да направи нешто повеќе но без успех.
По ова коло Реал ќе остане лидер на табелата, додека Атлетико може да назадува на табелата.