Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа првото место на најновата АТП листа. Зад него, на втората позиција е Шпанецот Рафаел Надал, а трет останува Швајцарецот, Роџер Федерер.
Нема никакви поместувања во пласманот на првите 20 тенисери на АТП листата, па првата десетка во светкиот тенис кај мажите ја сочинуваат Тим, Зверев, Циципас, Нишикори, Андерсон, Качанов и Фоњини.
Кај дамите исто така нема поместувања на врвот на ВТА листата.
Прва е Јапонката Наоми Осака, а со само 252 бодови зад неа е Ешли Барти од Австралија. Третата позиција е за Каролина Плишкова од Чешка.
Првата десетка кај дамите ја сочинуваат Бертенс, Квитова, Кербер, Свитолина, Халеп, Стивенс и Сабаленка.