Top Sport

„Билд“ најавува: Боатенг се сели во Јувентус!

По веста дека се повреди дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, управата на „Старата дама“ не губеше време и веднаш тргна во потрага по стопер. Информациите од Германија се дека играчот на Баерн Минхен, Жером Боатенг е на работ на потпише за Јувентус.

Боатенг вчера не настапи на дуелот против Мајнц во победата од 6-1, а ниту утринава не се појави на тренингот. Сега го немало ниту на дружењето на играчите со спонзорот на клубот.

Тиражниот германски „Билд“ пишува дека малку недостасува Боатенг да се пресели во Торино.
Прогнозите се дека Киелини ќе биде надвор од терените во следните 6 месеци, па Боатенг, по 8 сезони минати во Минхен би можел да ја промени средината.

Информацијата на германскиот медиум доби потврда и од италијански „Тутоспорт“.

Засега нема информации дали се преговара за трансфер или, пак, за позајмица.

Јуве летово во дефанзивната линија ги доведе Мерих Демирел и Матијс Де Лихт. Сепак, покрај Боатенг, во игра се и имињата на Меди Бенатија, Самуел Умтити и Езекиел Гарај.

Scroll to Top