Top Sport

„Билд“ открива: Левандовски и Коман се степале на тренинг на Баерн

Според наводите, никој не знае што бил поводот за сериозната тепачка. Инцидентот се случил додека стручниот штаб работел на позиционен напад. Полјакот и Французинт најпрво се спречкале, а потоа и физички се пресметале.

Поголем инцидент спречиле Зуле и Боатенг, а посебно воинствен бил Левандовски кој често го покажува на Инстаграм своето мускулесто тело.

Тренерот Нико Ковач, според информациите, најпрво сакал да ги испрати во соблекувална „на ладење“, но сепак им дозволил да го продолжат тренингот.

Од клубот засега не го коментираат инцидентот кој се заканува да ја наруши атмосферата во клубот кој моментно е на челната позиција во Бундес лигата.

Scroll to Top