Top Sport

Блажевски спаси бод за Вардар, Шкендија го декласира Пелистер

Актуелниот шампион на Македонија Вардар во последните секунди се спаси од пораз против Шкупи, во натпревар од 27.коло, во домашниот шампионат. За разлика од Вардар, Шкендија не му даде ниту грам надеж на Пелистер. Лидерот среде Битола славеше со 6:0.

На „Филип Втори“ арената во Скопје екипата на Шкупи против Вардар стигна до предност во 32.минута со голот на Имери. Резултатот беше активен се до 93.минута кога Блажевски постигна гол и го спаси шампионот од пораз.

Во второто скопско дерби Работнички како гостин славеше минимална победа над Скопје 1:0. Единствениот гол го постигна Велинов во 81.минута.

Лукас со двата гола и донесе победа на Ренова над Победа. Голот за Прилепчани го постигна Даноски.

Лидерот на табелата Шкендија, во најава на финалето на Купот, во Битола го декласира Пелистер со 6:0. Бојку, Фазлагиќ, Бејтулаи, Жуниор, Алими и Радески ги постигнаа головите.

Дуелот во Кратово помеѓу Силекс и Академија Пандев заврши без голови.

На табелата води Шкендија со 69 бода, 20 повеќе од Вардар, Силекс има 41, Работнички 35, Академија Пандев 32, Ренова 31, во долниот дел на табелата се Шкупи со 30, Победа со 25, односно Пелистер и Скопје со по 24 бода.

фото: fkvardar.mk

Scroll to Top