Top Sport

Светка втората вардарова ѕвездичка на ребрендираниот автобус (фото)

Автобусот со кој се превезуваат европските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар доби ново руво. Со нов дизајн, но и со грбот на клубот на кој светна и втората ѕвездичка поради втората европска титула автобусот е паркиран пред ракометниот храм на вардарци, „СЦ Јане Сандански“, објавија од клубот.

„Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ Лигата на шампионите и во СЕХА лигата“ – напишаа од РК „Вардар“ на социјалните мрежи.

Ајде па догодина уште едно ребрендирање на автобусот, со нова ѕвезда…
Фото: РК Вардар

Scroll to Top