Top Sport

Жиру го претрка Трезеге: Се надевам дека ќе го стигнам и Платини

Францускиот фудбалер, Оливие Жиру стана третиот најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација откако на мечот на „триколорите“ против Исланд го постигна 35. гол и го помина Давид Трезеге на листата.

Пред Жиру на листата на најдобри стрелци сега се Мишел Платини со 41 гол и Тиери Анри со 51 погодок во дресот на Франција.

„Најважен е колективниот успех, секогаш успехот на репрезентацијата ми беше приоритет. Нормално, неопходно е и на лично ниво да сум одличен. Среќен и горд сум поради тоа, сакам да продолжам да постигнувам голови. Се надевам дека ќе го стигнам Платини“ – рече Жиру и додаде дека Трезеге му бил инспирација.

Тој минатото лето беше мета на критики откако првиот шпиц на петлите“ не постигна ниту еден гол на патот кон светската титула во Русија.

Сепак, сега повторно проработе и ја оправда довербата на селекторот Дешамп.

Scroll to Top