Top Sport

Богдановиќ по СП: Калиниќ и Недовиќ недостасуваа, ама селекторот така реши!

Моментно најдобриот српски кошаркар, Богдан Богдановиќ ги сумираше впечатоците по неодамна завршениот Мундобаскет во Кина на кој Србија заврши како петтопласирана.

Богдановиќ во интервју за „Спортклуб“ ги разглобува причините за (не)успехот на селекцијата.

„Несреќни околности, можеби оранизацијата не ни одеше од рака, а системот на натпревари беше ново искуство. Притисок на фаворит пред почетокот, не знам дали некој во историјата на кошарката бил фаворит пред САД. Ние не сме задоволни со резултатот. Додека победуваш не го чувствуваш притисокот. Се случи Шпанија, одиграа искусно, зрело. По тој пораз се случи она `и ние можеме да загубиме`. Мислев дека против Аргентина ќе тргнеме како тим, знаевме дека се сериозни, знаевме дека се незгодни. Не успеавме да им одговориме, одговорноста за поразот е тимска, мора што попрво да го заборавиме“ – вели Богдановиќ.

Тој прашан за најавеното заминување на Ѓорѓевиќ од клупата на Србија смета дека му се благодарни за се што сторил за српската кошарка.

„Тој секогаш внесуваше многу самодоврба. Не `палеше` и имаше неверојатна енергија. Благодарни сме на се што стори, на младите им даде простор и слобода, не пушти да уживаме во репрезентацијата. Направи култура“ – вели кошаркарот на Сакраменто Кингс.

Во врска со изоставувањето на Калиниќ и Недовиќ од составот на Србија за СП, Богдановиќ е дециден:

„Тоа е одлука на тренерот, тој имаше своја визија, а ние како играчи не можеме да менуваме и да влијаеме на неговата работа. Сега, после поразот, јасно е дека тие недостасуваа, но сега е неблагодарно да се зборува за тоа. Оние играчи кои не се повикани годинава треба да гледаат во иднината“.

Во врска со полемиките ки се појавија во Србија за тоа дали Никола Јокиќ и понатаму ќе продолжи да го носи дресот на „орлите“, бекот вели:

„Мислам дека ќе игра, тој сака да се натреваруваа. Не сака медиумско внимание, тоа му пречи, не сака да зборува, едноставно е таков. Сака да оствари резултати со националниот тим“.

Scroll to Top