Top Sport

Болт сака да се трка на 100 метри против Роналдо, Бејл и Мбапе

Поранешниот јамајкански спринтер, Усеин Болт (33) повторно има интересна идеја. Тој во интервју за службената страна на ФИФА откри против кои тројца фудбалери би можел да се трка на 100 метри.

„Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе се фудбалерите против кои би сакал да се пробам на стаза. Следам фудбал, гледам многу натпревари. Роналдо и Меси се над сите други, но го сакам и Рахим Стерлинг. Единствено што ми пречи кај него е што игра во Сити, а не во „црвениот“ дрес“ – вели Болт.

Тој во интервјуто додава дека обожува да игра фудбал.

„Сакам да играм фудбал, но во моите години постојат и некои други обврски, не можам доволно да се посветам. Без оглед на се, ќе продолжам да настапувам на пријателски и хуманитарни мечеви“ – рече Болт.

Scroll to Top