Top Sport

Бојан Кркиќ е мета на Црвена Звезда

Екс-фудбалерот на Барселона, Бојан Кркиќ (28) го раскина договорот со англиски Стоук, па сега е слободен игра. Шпанецот со српско потекло е интересен за белградска Црвена звезда која сака да го доведе во своите редови.

И во минатото многу од челните структури во белградскиот клуб се обидувале да го доведат Кркиќ во екс-шампионот на Европа, а сега повторно се актуелизира неговото доаѓање во Белград.

Моментната вредност на Кркиќ на фудбалскиот пазар е околу 1,5 милиони евра, кариерата му е во пад, а пред да игра во Чемпионшип, беше на позајмица во Мајнц и Алавес.

Откако стана слободен играч, Кркиќ добил неколку понуди од Европа, но и од САД. Француски Бордо бил најконкретен, но фудбалерот се уште не се одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Scroll to Top